фото: ОК Наковски волеј

Митев: Со максимален респект влегуваме во дуелот со Фит Фан Волеј

Полуфиналните дуели од Купот на ОФМ 2025 во женска конкуренција, кои се играат на 4 април (петок) се очекува да донесат поголеми возбудувања во тридневната куп-програма во салата „25 мај“ во Радовиш.

Наковски Волеј и Фит Фан Волеј се првата полуфинална двојка, која ќе се игра од 17.00 часот.

Одбојкарките на струмичкиот тим важат за фаворит поради подобриот меѓусебен скор со Фит Фан Волеј во текот на сезоната, но купот е еден натпревар во кој сè е можно.

– Купот е еден натпревар, во кој нема апсолутен фаворит. Ние сме во подобра позиција гледано и по резултатите во меѓусебните натпревари сезонава, но и Фит Фан Волеј сигурно дека ќе си ги бара своите шанси. Полуфиналето е еден меч, во кој решава моменталната инспирација, како и играта која ќе ја прикажеме на теренот. Се надеваме на финале, но прво мислиме на полуфинале. Мора да одиме чекор по чекор и со максимален респект влегуваме во дуелот со Фит Фан Волеј, а потоа ќе чекаме и ќе мислиме на финале – вели тренерот на Наковски Волеј, Александар Митев.

Фит Фан Волеј, како дебитант во Купот, ќе се обиде да изненади и да атакува на првата титула во клупската историја.

– Очекувањата се големи и нашата цел не е само да изненадиме во полуфиналето, туку и да го освоиме првиот трофеј во сениорска конкуренција. Се соочуваме со проблеми со повредени играчи, кои се под знак прашалник, но нема предавање. Сакаме да докажеме дека и со домашни играчи може да се носиме со екипите од врвот, кои имаат интернационалки во составот. Првпат сме во полуфиналето од Купот и тоа е голем мотив за нас. Верувам дека без разлика на резултатите ќе имаме празник на одбојката во Радовиш – позитивно размислува Благоја Ставревски, предводникот на Фит Фан Волеј.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот