мирчевски
фото: facebook.com/fktsc

Мирчевски би можел да го засили босански Железничар

Босанскиот фудбалски клуб Железничар од Сараево е во потрага по нови засилувања за составување на играчкиот кадар за новата сезона, а „сините“ наскоро би можеле да добијат ново име во соблекувалната.

Да потсетиме дека ова лето Железничар го ангажираше 26-годишното крило Матеј Цветаноски.

Според босанските медиуми, нов играч на клубот би можел да биде 27-годишниот македонски фудбалер Мартин Мирчевски.

Роден во Битола, последниот ангажман го имаше во Србија во тимот на ТСЦ. Тој во наредните денови треба да му се приклучи на Железничар.

Дебитираше за македонската А репрезентација во 2022 година во пријателскиот натпревар против Азербејџан.

Во српската Супер лига за ТСЦ имаше вкупно 28 настапи, со девет голови и три асистенции, додека во Првата македонска лига запиша 90 натпревари, 27 голови и девет асистенции.

На клупски план беше дел и од Пелистер, Победа, Трепча 89, Беласица, Вардар и Академија Пандев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот