фото: EPA-EFE/ALI HAIDER

Мира Андреева стана најмладата шампионка на турнирот во Дубаи

Руската тинејџерка Мира Андреева победи на ВТА 1000 турнирот во Дубаи, ОАЕ, и од понеделник ќе биде во топ 10 во женскиот тенис.

Андреева победи во финалето против Клара Таусон од Данска со 2:0 во сетови 7:6 и 6:1. Ова е втора, но најголема титула во кариерата на 17-годишната Русинка, која има играно три ВТА финалиња.

Таа ја освои титулата елиминирајќи три Грен слем шампионки во Дубаи, нешто што никој пред неа не успеа да го направи на турнир од серијата 1.000.

Исто така, Андреева е најмладата победничка на турнирот 1000, кој е основан во 2009 година. Го освои пехарот на 17 години и 299 дена.

Благодарение на освоените 1.000 поени, таа од понеделник ќе биде деветта тенисерка во светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот