фото: instagram.com/aberdeenfc

Миовски со нов гол и триумф на Абердин во шкотскиот Лига куп

Денеска во осминафиналето на шкотскиот Лига куп екипата на Абердин славеше со 1:2 против Стирлинг. Повторно во листата на стрелците во новата сезона во дресот на Абердин се запиша Бојан Миовски.

Македонскиот репрезентативец во 29 минута по асистенцијата на Девлин донесе водство од 0:1, резултат со кој се замина на пауза.

Во вториот дел за зголемување на позитивата на 0:2 се погрижи Кларксон во 63 минута, а домаќините само го ублажија поразот во 75 минута преку Спенс, а асистент беше МекГрегор.

Ова е веќе втор гол за Миовски во третиот натпревар во новата сезона, претходно стрелаше во шкотската Премиер лига во поразот против Селтик (1:3).

Абердин следниот четврток го очекува и настап на меѓународната сцена, односно првиот натпревар од плеј-офот за Лига Европа против Хакен во Шведска.

Од Абердин јасни: Никој нема да замине, а најмалку Миовски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот