Фото: Screenshot

Миовски: Атмосфера како против Селтик не сум почувствувал никогаш претходно

Македонската фудбалска репрезентација денеска ги започна подготовките за двата натпревари во кои ќе играме против Саудиска Арабија во пријателски натпревар во Прага, додека во рамките од квалификациите за Светското првенство ќе го пречекаме Лихтенштајн.

На стартот од подготовките зборуваше Бојан Миовски кој пред неколку дена го комплетираше трансферот во Ренџерс и дебитираше во најголемото шкотско дерби.

„Кога дојде понудата од Ренџерс не се двоумев, тренерот ми даде дополнителна поддршка и среќен сум поради тоа. Дебитирав против Селтик, прв пат почувствував таква атмосфера, знаеме какво е ривалството меѓу двете екипи. Во Џирона не беше се сјајно, имавме лоша сезона, колективно и индивидуално. Едноставно бев во погрешно време таму и морав да донесам одлука за мојата иднина. Се вратив во шкотската лига кадешто претходно настапував во Абердин, но сега во многу поголем историски клуб.

Имаме позитивна форма во репрезентацијата, се надевам дека ќе го продолжиме тој добар ритам и на натпреварите кои ни следуваат. Треба добро да се подготвиме за Саудиска Арабија која е многу сериозна репрезентација, а потоа максимално да се фокусираме на Лихтенштајн. Денеска нема слаби селекции и однапред добиени натпревари“, изјави Миовски.

Натпреварот против Саудиска Арабија го играме на 4 септември, додека три дена подоцна во Скопје од 18:00 часот ќе бидеме домаќини на Лихтенштајн.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот