Фото: mia.mk

Министерството за здравство се огласи откако лекарка беше фатена како зема поткуп во Битола

Министерството за здравство попладнево, откако беше објавено дека лекарка од Очното одделение во Битолската клиничка болница била фатена како прима поткуп, преку соопштение соопшти дека „најостро го осудува секој облик на коруптивно однесување во здравствениот систем“.

„Во врска со случајот во ЈЗУ Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски” – Битола, каде што денес медицинско лице е затекнато при примање поткуп, Министерството веднаш иницира постапка за утврдување на дисциплинска одговорност, согласно законските процедури. Реакцијата на Министерството е брза, принципиелна и недвосмислена, ставена во насока на заштитата на достоинството на пациентите и интегритетот на медицинските лица од јавното здравство. Граѓаните имаат право на фер и достоинствен третман. Министерството не толерира корупција и ќе ги санкционира сите прекршоци за да ја зачува довербата во здравствениот систем. Очекуваме институционална истрага и завршница од надлежните органи, со цел ефикасна борба против корупцијата. Ги повикуваме граѓаните да продолжат да пријавуваат преку веб алатката „Пријави неправилности”, додека институциите да продолжат постапуваат доследно и без селективност“ пишува во соопштението од Министерството.

Се огласи и Клиничката болница Битола, која во соопштението потпишано од директорката д-р Ненси Лозанче вели дека изразува сериозна загриженост што по вторпат од почетокот на годината се соочува со незаконско постапување на лекар на штета на пациент.

„Жалиме што се наоѓа во ситуација наш лекар кој вршел работи од јавен интерес да биде осомничен за примање мито од пациент. Ги охрабруваме истражните органи од СВР Битола и ОЈО Битола да постапат транспарентно и законито и во овој случај. Како раководство на Клиничка болница Битола сме згрозени и се оградуваме од постапката на осомничената лекарка. Стоиме на располагање на истражните органи да ја обелоденат вистината и единствено прифаќаме законита, транспарентна и неселективна постапка. И во овој случај, во согласност со Министерството за здравство итно е спроведена постапка за суспензија на осомничената лекарка се додека трае процесот на истрагата согласно важечките законски прописи. Уште еднаш искрено жалиме за ситуацијата во која бил доведен пациентот и неговото семејство. Поразителен е фатот што незаконските дејанија од лекар кон пациент се случуваат во здравството, но силно охрабрува фактот што овие случаи добиваат јавност, транспарентно и законито постапување од страна на државните органи“ се вели во реакцијата од Клиничката болница-Битола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот