Вакцинација/ Фото: Слободен печат / Слободан Ѓуриќ

Министерството за здравство набави 80 илјади вакцини против грип

Министерството за здравство потпиша договор за набавка на 80 илјади вакцини против сезонски грип. Следната недела се очекува да пристигнат вакцините по што имунизацијата ќе почне во втората половина од октомври.

Набавените вакцини се четиривалентни вакцини од производителот „Абот“ – Холандија.

Со бесплатна вакцинација се опфатени ризичните групи – повозрасни граѓани од 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од 6 месеци до 5 години како и лица сместени во установи за социјална заштита на стари лица и вработените во установи за социјална заштита на стари лица.

Од Министерството уште не е соопштен начинот на кој ќе се одвива пријавувањето и покажувањето интерес за оваа вакцина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот