Фото: Borko Ristovski/FB

Министерството за спорт потпиша договори со МРТ и три национални федерации

Mинистерството за спорт заедно со Ракометната, Кошаркарската и Одбојкарската федерација денеска потпиша договор со МРТ со цел спортот да биде поблиску до јавноста.

Информацијата на својот Фејсбук профил ја објави министерот Борко Ристовски објавувајќи дека според договорот ќе се емитуваат македонските првенства секоја недела, ќе има поголем простор за македонските спортисти, ќе се отвори вратата за повеќе спонзори и поддржувачи со што се надеваат дека ќе инсорираат и многу деца да започнат да се занимаваат со спорт.

„Ова е само првиот чекор од нашата посветеност кон популаризација, професионализација и поддршка на домашниот спорт. Време е младите таленти да добијат заслужено внимание, а македонските спортски лиги – вистинска поддршка!“, порача Ристовски во својата објава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот