Јетон Шаќири, министер за образование и наука/Фото: Скриншот

Министерот Шаќири најави дека матурата ќе се полага на 27-мај и покрај штрајкот на ДИЦ

Министерот за образование Јетон Шаќири денеска повтори дека државната матура ќе се полага на 27-ми мај, и покрај штрајкот на вработените во Државниот испитен центар.

-Ако треба ќе испратиме кадар од Министерството за образование, рече Шаќири додека беше во посета на Кавадарци.

Тој додаде дека ги поддржува барањата за повисоки плати на вработените во Државниот испитен центар, ама дека тоа не треба да се доведува во корелација со реализацијата на матурата и дека тие прашања треба да се решаваат системски.

Синдикатот на Државен испитен центар останува во штрајк и оттаму најавија дека во мирување ќе бидат сите процеси во нивна надлежност а кои се поврзани со матурата. Оттаму додадоа дека со тоа што вработени во Министерството за образование би влегле да „помагаат“ за спроведувањето на државната матура, ќе се наруши тајноста на процесот со оглед на тоа што материјалите, тестовите се тајни и влезот во ДИЦ е забранет за надворешни лица, а во некои простории не смеат да влегуваат ни сите вработени, а камоли надворешни лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот