
Мини пити со мед и ванила: Вкусот ќе ве врати во детството
Медена пита, стара рафинирана класика. Рецепт за сигурен успех и совршено вкусен колач (без многу труд). Мирисот и аромата на циметот, ванилата и медот, кои се наоѓаат во питата, го даваат оној шмек на трпезата, поради што го паметиме како еден од омилените колачи од детството.
Препорачано
Овој пат, овој десерт може да го направите малку поинаку – со една разлика, наместо цела пита, ќе направите мини пити.
Состојки:
– пакување кори за баклава
– 2 пудинга од ванила
– шеќер (за во пудингот)
– 2 лажици шеќер (за преливот)
– 1 лажица мед
– 50 грама суво грозје
– цимет
– масло
– ванилин шеќер

Подготовка:
Пудингот сварете го само со вода и шеќер и по желба можете да додадете ванилин шеќер. Оставете да се излади.
Секоја кора премачкајте ја со малку масло, па преклопете ја на половина. Премачкајте повторно со масло и превиткајте ја уште еднаш. Ставете од пудингот и неколку зрна суво грозје и цимет, па преклопете како триаголник.
Наредете ги триаголниците во плех за печење. Печете на 200 степени Целзиусови околу 30 минути. Рерната треба претходно да биде загреана.
Во мало тенџере настрана ставете две лажици шеќер и полна лажица мед. Додајте 200 милилитри вода и варете додека да се згусне. Ставете од сирупот врз испечените пити со ванила.

Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
12мин
-
41мин
-
57мин
-
1час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5