Џонатан Клајснер / Фото: Њујрк тајмс принтскрин

Милионер го напуштил Волстрит за да биде болничар и да спасува животи

Откако заработил милиони на работа што почнал да ја мрази, Џонатан Клајснер се приклучил на противпожарната служба како почетник болничар на 41-годишна возраст. Сега е решен да биде најдобриот болничар за спасување.

Преминот од милионер трговец со стоки во амбициозен болничар, Крајснер ја направил пред 13 години, кога го заменил она што го сметал за нихилистичко збогатување за мисија да спасува животи на други луѓе, пишува „Њујорк тајмс“.

Кога го напуштил Волстрит, рекол дека заработувал милиони долари годишно, но дека бил несреќен.

„Бев човек кој не создаваше ништо, не даваше ништо на никого“, рекол 55-годишниот Клајснер за своето време поминато на Волстрит, каде што го водел својот инвестициски фонд.

„Понекогаш се чувствувам како криминалец кој се обидува да стигне до рајот. Или можеби на неколку ноќи со добар сон“, вели тој.

Тој можел мирно да се пензионира во својата куќа во Катскилс, каде што ќе одел на риболов, ќе читал романи и ќе чувал пчели. Наместо тоа, тој решил да биде болничар за спасување, ефикасно субвенционирајќи ја противпожарната служба на Њујорк, каде што неговата почетна плата во 2012 година била 32.000 долари. Сега заработува 110.000 долари.

„Луѓето ме прашуваат: ’Зошто би го ризикувал животот за 18 долари на час?’“, рекол тој.

Одговорот што го дава не е многу различен од она што би го рекол како трговец од Волстрит.

„Јас сум исклучително натпреварувачка личност. Доста сум добар во она што го правам.“

Меѓу 4.500 работници во итна медицинска помош во одделот, помалку од 60 се како Клајснер, болничари за спасување, кои се специјално обучени за спасување пожарникари од активни пожари, извлекување луѓе заробени под вагоните на метрото и достигнување до повредени лица преку спуштање по шахти.

Од овој елитен тим, Клајснер е еден од петте мајстори инструктори кои обучуваат други медицински лица за спасување како да ја извршуваат својата работа. Тој бил заинтригиран од способноста на лекарите да извршуваат толку сложена и ризична работа во тешка средина.

Кога се вратил во Њујорк, се запишал на курс за техничар за итна медицинска помош на колеџот Хантер. Кога му било понудено место во академијата за обука на противпожарни служби, тој веднаш го прифатил. Иако бил најстар меѓу регрутите, се покажал како многу успешен во обуката. Кога го прашале каде сака да биде распореден, рекол во Бронкс.

„Реков Бронкс затоа што знаев дека е тешко и сакав да биде тешко“, вели Клајснер.

Неговата следна задача го носи во Менхетен, кој болничарите го нарекуваат „Холивуд“ поради големиот број повици и задачи од висок профил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот