Зоран Милановиќ / фото: Индекс.хр

Милановиќ: Израел во моментов е предводен од криминална елита, која сака да го вовлече светот во војна

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денеска изјави дека Израел во моментов е предводен од криминална клика, која сака да го вовлече светот во војна.

Коментирајќи ја ситуацијата на Блискиот Исток, Милановиќ пред новинарите во Загреб изјави дека неговиот став за моменталната ситуација на Блискиот исток е различен од оној на владејачката партија и премиерот Андреј Пленковиќ.

„Израел во моментов е предводен од криминална клика и сака да го вовлече светот во војна“, изјави Милановиќ за новинарите во Загреб.

Претходно денеска, на отворениот дел од седницата на Владата, Пленковиќ ја изрази својата длабока загриженост за новата ескалација на конфликтот на Блискиот Исток, нестабилноста во регионот и последиците што овој конфликт може да ги има многу пошироко, а кои се однесуваат на поскапувањето на нафтата и можните нови мигрантски бранови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот