
Милановиќ го повтори повикот до Владата на Хрватска за признавање на Палестина
Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ го повтори повикот до Владата на премиерот Андреј Пленковиќ да ја започне постапката за признавање на Палестина во хрватскиот парламент.
Препорачано
Милановиќ ја упати поканата во разговор со министерот за надворешни работи и емиграција на Палестина Варсен Агабекијан, кој е во официјална посета.
„Хрватска треба да ја признае Палестина како чекор кон запирање на војната и хуманитарната катастрофа во Газа. Признавањето на правото на палестинскиот народ на сопствена држава е единствениот начин за воспоставување траен мир на Блискиот Исток“, рече Милановиќ на средбата со министерот Агабекијан.
Тој најави дека, во рамките на своите уставни овластувања, силно ќе се залага Хрватска што е можно поскоро да ја признае Палестина и ја повикува Владата на Хрватска да ја започне постапката за признавање на Палестина во хрватскиот парламент.
На средбата во Пантовчак, тие разговараа за ситуацијата во Газа, која со месеци, а особено во последните денови, е изложена на брутални напади од страна на израелската армија.
Милановиќ, беше соопштено од неговиот кабинет, остро ги осуди нападите на израелската армија врз цивилите во Газа и најавената акција за воено заземање и окупација на Газа. Окупацијата на Газа не може да се оправда со ништо, според претседателот Милановиќ.
Како уставен ко-креатор на хрватската надворешна политика, тој му го пренесе на министерот Агабекијан својот став дека единственото праведно решение за војната во Газа е признавање на постоењето на две држави, Израел и Палестина.