
Милан Васиќ ќе стане татко: За првпат проговори за тајната венчавка и го откри полот на бебето
Актерот Милан Васиќ неодамна се ожени во тајност, а вчера ја потврди убавата вест дека ќе стане татко.
Препорачано
За првпат, актерот проговори за свадбата, за која тврди дека не била тајна, и откри колку долго е во врска со својата избраничка.
– Не се оженив тајно, така испадна. Во врска сме веќе една година и не криевме ништо, само не сакавме да објавуваме на Инстаграм. Не се криевме, одевме насекаде и функциониравме нормално, само сакав што е можно повеќе да зачувам нешто што е убаво, да можам да шетам и да пијам кафе каде сакам, без никој да ме вознемирува – објасни актерот и додаде дека наскоро планираат венчавка во црква.
– Не беше тајна венчавка, беше венчавка само во општината кај матичар поради презимето и сè. Здравје Боже, ќе се одржи и најважната свадба. Црковната венчавка е најважна работа, а ова е само документација.
Милан пораснал на Косово и Метохија, и токму таму решил да ѝ предложи брак на Маја, а потоа и да се ожени.
– Беше прекрасно. Мило ми е што мојата сопруга го сака Косово и Метохија колку и јас. Не терам никого да оди во Косово, но таа го прифати тоа и беше прекрасно. Логично беше да се свршам, да се оженам и да ги крстам децата во Косово – вели тој, а потоа открива дека очекува син :
– Не сме одбрале име за бебето, важно е сè да биде како што треба. Чекаме момче. Не знам точно со што ме освои Маја. Ние имаме слични енергии, слични мисли и сличен начин на живот. Убаво беше воспитана, не знам како да објаснам, сè се совпадна – рече Васиќ.