Храбриот Албанец доби грчко државјанство/Фото: Скриншот

Мицотакис му додели грчко државјанство на Левиан Гога, Албанецот кој влезе во реката за да спаси две деца

Левиан Гога, Албанецот кој во јуни годинава го ризикуваше својот живот за да спаси две деца од реката Арахтос, доби грчко државјанство на посебна церемонија одржана вчера во грчката владина резиденција Максимос.

Левиан Гога положи заклетва како грчки државјанин пред премиерот Киријакос Мицотакис, во присуство на министерот за внатрешни работи Теодорос Ливаниос и генералниот секретар за државјанство, Димитрис Карнавос, објави ЕРТ.

Овој чин на почит дојде откако Лендиани без двоумење интервенираше за да спаси две деца кои беа во опасност да се удават во струјата на реката, ризикувајќи се себеси за двете малолетни деца.

„Ви благодарам за она што го направивте. Ја заслужувате оваа чест и повеќе“, рече премиерот Мицотакис веднаш по положувањето на заклетвата.

Левиан Гога беше и почесен гостин на приемот за годишнината од враќањето на демократијата во Грција, организиран во јули од претседателот на Парламентот, Костас Тасулас.

Сериозниот инцидент се случил во јуни оваа година. Левиан Гога скокнал во реката Арахтос за да спаси две малолетни деца од давење, но за жал и двајцата го загубија животот во болница, поради клиничка смрт.

Трагедија во Грција: Потврдена мозочна смрт кај две деца што паднаа во реката Арахтос

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот