
Мицотакис ги „почести“ Грците со даночни олеснувања од 1,6 милијарди евра
Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис од Меѓународниот саем во Солун објави пакет мерки во висина од 1,6 милијарди евра за поддршка на над четири милиони даночни обврзници, оценувајќи го како „најсмелата реформа на данокот на приход во современа Грција“, пренесе „Ројтерс“.
Препорачано
Мерките, кои ќе стапат во сила со буџетот за 2026 година, предвидуваат намалување на основните даночни стапки за два процентни поени, дополнителни олеснувања за семејства со три и повеќе деца, нулта даночна стапка за лица под 25 години со годишен приход под 20.000 евра, како и намалување на даноците за жителите на мали острови и рурални места со под 20.000 жители.
„Нема да ветувам пари кои не постојат. Говориме за реструктурирање на економијата кое ќе донесе просперитет за сите Грци“, порача Мицотакис во 67-минутниот говор.
Тој додаде дека Владата ќе продолжи со „притискање на гас“ до изборите во 2027 година, кога ќе се бори за уште еден четиригодишен мандат.
Свеченото отворање на Саемот го придружија протести на синдикати против владината политика, а во Атина илјадници демонстранти бараа правда за жртвите во железничката несреќа кај Темпи, при што дојде до тензии и приведување на над 20 лица.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
17мин
-
30мин
-
41мин
-
50мин
-
57мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5