Мицкоски за „Дрисла“: Чудно е како во јавни претпријатија каде свои кадри има ДУИ се случуваат вакви работи

Владата и надлежните институции работат на решавање на проблемот со депонијата Дрисла, а од денеска во депонијата влегува и полицијата, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, по промовирањето на изборната коалиција и потпишувањето на документот „Декларација за Македонија на граѓаните и за општини што создаваат иднина“.

Според Мицкоски чудно е како во одредени јавни претпријатија каде што свои кадри има ДУИ се случуваат вакви работи, бидејќи како што рече вчера бил изгаснат пожарот а доцна во ноќта повторно се распламтил. Полицијата сега ќе се занимава со пронаоѓање на виновниците, порача тој.

„Како влада и институции ги преземеме сите мерки, да немате дилема. За Вардариште имаме осомничени лица, кои се приведени и за кои се покажа дека ја користеле илегалната депонија да произведуваат метали, за подоцна нелегално да ги продаваат. Таму од вчера има приватно обезбедување ангажирана од неколку општини, обезбедивме градежна механизација и ќе биде во полн состав и Вардариште е обезбедено, останува Дрисла.

Што се однесува до Дрисла, беше санирана вчера, но од некои чудни причини пред крајот на ноќта повторно се распламна, и денеска таму ќе се позанимава МВР. На линија сме со директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, и очекувам проблемот да биде саниран. Јас сочувствувам со секој граѓанин кој го чувствува сето ова, но чудно е како во одредени јавни претпријатија каде што свои кадри има ДУИ се случуваат вакви работи. И тоа ќе го истражиме, и ќе обезбедиме соодветни докази како пожар кој беше ставен под контрола, одеднаш повторно да се распламти. И како сега кога успешно се справивме со пожарите, и покрај диверзиите, одеднаш да се случува сега повторно пред локалните избори. Вистинското прашање е кому сето ова му одгоовара“ праша Мицкоски.

Тој најави дека ќе се откријат виновниците и дека ќе одговараат за стореното.

Утрово во повеќе делови Скопје беше загадено и обвиткано во магла.

„О2 иницијатива“ со петиција бара „Дрисла“ да остане во надлежност на Град Скопје

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот