Христијан Мицкоски, Фото: Принтскрин

Мицкоски во Будимпешта не се сретнал со Груевски, ако се сретне, ќе ни каже

Премиерот Христијан Мицкоски при дводневната посета на Будимпешта и учеството на заедничката седница на македонската и на унгарската влада не се сретнал со експремиерот Никола Груевски, а ако се сретне, јавноста ќе биде информирана.

-Не, не се сретнав, но доколку се сретнам ќе бидете информирани, зашто јас водам политика на принципот вистината е најточна. Верувајте дека секогаш кога нешто ќе се случи јас тоа го кажувам, немам зошто да кријам, бидејќи немам што да кријам зашто совеста ми е чиста. Но исто така можам да потврдам, многу скоро со докази, дека голем број функционери од коалицијата СДСМ и ДУИ се среќавале со Груевски во Будимпешта,  а коишто за жал не дадоа искрен одговар, а јас ако се сретнам, би дал – одговори Мицкоски на новинарско прашање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот