
Мицкоски: „Вардариште“ не го создадовме ние, ама ние ќе го решиме
Ако се инвестирало во Дрисла на начин што ќе се уредии со производство на електрична енергија, прво капацитетот ќе се проширел, второ сето тоа ќе било организирано и денеска немало секој втор ден да влегува некој и да ја потпалува, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски.
Препорачано
Нема ад хок решение за „Дрисла“, не постои. Метанот што зрачи вие ќе го изгаснете денеска, но тој повторно од внатрешноста ќе продолжи да зрачи – рече Мицкоски.
Тој објасни дека метанот е штетен и лесно запалив гас кој е нус производ на одложениот смет и, како што рече, доволен е еден опушок за да пламне. Одговарајќи на новинарски прашања при неговата посета на проекти кои со владини средства се спроведуваат во општина Гази Баба. премиерот посочи дека во „Вардариште“ ќе има одлучна акција.
„Вардариште“ не е од сега, оние милиони тони отпад не се од оваа Влада, само што оваа Влада за првпат ги апси тие што нелегално топат кабли за да произведуваат бакар за да го продаваат после. „Вардаришште“ не го создадовме ние за овие 15 месеци тоа е создавано 35 години наназад, ама ние ќе го решиме, исто како кога ќе ги добиеме ингеренциите, ќе ја средиме „Дрисла“ и ќе личи на модерна европска депонија со фабрика која ќе произведува енергија. И тоа ќе биде јавно-приватно партнерство, еве уште сега кажувам и повторно ќе има некои невладини коишто ќе бидат против, посочи Мицкоски.