Премиерот Мицкоски во струшко Ташмаруништа/Фото: Фејсбук

Мицкоски се поклони пред гробовите на илинденците во струшко Ташмаруништа

Традиционално, со полагање цвеќе на споменикот на двата Илиндена и народен собир во атарот на црквата „Свети Архангел Миахил“, каде се наоѓа заедничка гробница на паднатите востаници во струшкото село Ташмаруништа денеска беа одбележани 122 години од Илинденското востание и 81 година од АСНОМ.

Почит на спомен – обележјата на хероите од илинденската епопеја оддадоа премиерот Христијан Мицкоски, делегации на политичките партии, Сојузот на борци, организации и граѓани.

Зачувувањето на споменот на илинденците, според општинската организација на ВМРО-ДПМНЕ – Струга, е свет завет.

– Нивното дело мора да остане запаметено во колективната свест, особено денес кога сме жестоко негирани и исправени пред нови предизвици и неправди. Споменот на жртвите нека ни биде ѕвезда водилка, која ќе ни го покаже вистинскиот пат, бидејќи секое скршнување од него не носи кон сѐ пострмни бездни, истакна заменик министерот за правда и претседател на Општинската организација на ВМРО – ДПМНЕ во Струга, Ален Деребан.

Прославата, традиционално почна со звукот на црковните ѕвона, а после панихидата, за присутните беше подготвен и културно-забавен дел.

Во селото Ташмаруништа за време на Илинденското востание 1903 година се одиграла најжестоката борба меѓу востаниците и турската војска каде во животот го загубиле 27 востаници, а селото било ограбено и запалено.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот