Фото: Христијан Мицкоски / Фејсбук

Мицкоски очекува окрупнување на мнозинството по прегласувањето во ИЕ5

Оптимистични најави на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој очекува по прегласувањето во изборната единици 5 да се окрупни мнозинството. Како што изјави денеска во своето обраќање во делчевското село Разловци, каде присуствуваше на одбележување на годишнината од Разловечкото востание, ова е историска можност за државата.

„Фокусирајќи се на народот, имаме навистина би рекол една историска можност како никогаш досега, во овие повеќе од три децении. Се уште имаме малку да ја завршиме задачата, на 22-ми мај ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму и веќе на следното мое обраќање со вас со народот на  Македонија да не кажувам за 61, туку да зборувам веќе за 62 пратеника“, рече Мицкоски.

Следната цел, како што рече, е две третини во Парламентот.

„Мислам дека и тоа многу скоро, денеска веќе, кон крајот на следната недела ќе можеме и тоа да го оствариме, со што ќе биде променет законот за организација на ресорите во самата Влада ќе добиеме нова структура на Влада, модерна Влада, влада којашто ќе одговара на потребите на граѓаните во Македонија“, рече Мицкоски.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот