Мицкоски: Ја потврдуваме нашата посветеност на промовирање на мирот, стабилноста и владеењето на меѓународното право

Тука сме заедно со нашите сојузници за да ја потврдиме нашата посветеност, како и досега, така и во иднина, дека ќе го промовираме мирот, стабилноста и владеењето на меѓународното право, истакна Мицкоски, кој беше пречекан од претседателот на САД Џо Бајден и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, како и другите учесници на Самитот.

– За нас како малоброен народ е важно на овој собир да ги донесеме најзначајните одлуки кои што ќе моделираат иднината на човештвото во следните декади, за што и ние ќе го дадеме својот придонес, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски во изјавата пред почетокот на работниот дел од вториот ден на Самитот на НАТО во Вашингтон.

Премиерот посочи дека „македонска Влада сака да бидеме рамо до рамо со нашите сојузници и да го потврдиме слободарски дух на македонскиот народ и на македонските граѓани“.

– Остануваме посветени на исполнување на обврските, односно минимум два проценти од БДП да бидат инвестирани во модернизација на нашата Армија, нешто коешто е многу важно, затоа што само на тој начин ќе ги следиме современите чекори и ќе ја следиме најголемата светска одбранбена алијанса што некогаш постоела, додаде Мицкоски.

Тој изрази и задоволство што заедно со останатите лидери на земјите членки на НАТО присуствува на ова одбележувањето на 75-годишнината од формирањето на како што рече, најголемата одбранбена алијанса во светската историја.

Мицкоски на Самитот на НАТО во Вашингтон ја предводи македонската делегација во чиј состав се и министрите за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, за одбрана Владо Мисајловски и за внатрешни работи Панче Тошковски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот