
Мицкоски го оправда отсуството на Стоилковиќ во Косово: Гореше од желба да дојде, но не стигна поради обврски
Вицепремиерот и министер за односи со заедниците, Иван Стоилковиќ не беше присутен на денешната заедничка седница на владите на Косово и Македонија во Приштина. Стоилковиќ и неговата Демократска партија на Србите во Македонија се јасни во ставовите што ги имаат спрема Косово, но премиерот Христијан Мицкоски го оправда дека тој „горел од желба да биде во Приштина, но бидејќи ја поместиле владината седница, поради оправдани обврски, не е денеска дел од меѓувладината средба“.
Препорачано
Мицкоски информираше дека првично меѓувладината седница била закажана за петок 15 ноември.
-Затоа неговиот заменик, господинот Неждет Мустафа е тука и имаше прецизна и јасна дискусија со неговиот хомолог од косовската влада – додаде тој одговарајќи на новинарски прашања.
Мицкоски порача дека „ние како држава и како Влада сме го кажале ставот што е Косово и тоа меѓу првите во светот“.
-Не треба да дозволиме таа тема некој да ја злоупотребува. Ние бевме меѓу првите и сите овие настани се јасна порака од тоа – заклучи тој.
Мицкоски – Курти: Граѓаните на двете држави заслужуваат подобар живот и подобар стандард
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
9мин
-
44мин
-
1час
-
1час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5