
Мицкоски го брани Фетаи и наместо вицепремиерот им се извини на новинарите: Знам колку енергија вложува да зборува македонски
Мицкоски е убеден дека Фетаи во иднина нема да ја повтори грешката, односно дека кога одлучил да говори на албански јазик, со себе требало да понесе преведувач.
Премиерот Христијан Мицкоски го оправда вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи дека одби да одговори на македонски јазик и како што вели, единствена гршка му била дека немал преведувач. Премиерот, наместо вицепремиерот им се извини на новинарите дека Фетаи на новинарско прашање на македонски јази одговори на албански со образложение дека не е спремен да зборува македонски.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Мицкоски е убеден дека Фетаи во иднина нема да ја повтори грешката, односно дека кога одлучил да говори на албански јазик, со себе требало да понесе преведувач.
-Јас во мое име им се извинувам на новинарите и убеден сум, бидејќи веќе разговарав со него, дека тој истото тоа ќе го стори и таа грешка нема да се повтори – рече Мицкоски.
Во одбрана на Фетаи, Мицкоски рече деча тој од својата шеста година е отселен во Белгија и дека затоа не го познава добро македонскиот јазик.
-Говори течно четири јазика – англиски, француски, холандски итн, сега да не ги редам. Нашата комуникација се одвива на аглиски јазик. Има исклучително богата биографија позади себе, школуван е на врвни универзитети. Знам дека не му е таа намерата како што се обидуваат одредени центри поради политичка злоупотреба да ја дефокусираат јавноста. Се обидува, се труди и учи да го говори македонскиот јазик и знам изминативе 15 месеци колку енергија вложува во сето тоа – рече Мицкоски.
Истиот ден кога вицепремиерот одби да одговори на македонски јазик, Владата му додел уште една функција, односно на владина седница ја усвои Одлуката за формирање на Национален совет за финансиски истраги и конфискација на имот, со што се предвидува дополнителна алка на врвот на координациската структура, покрај Националната комисија за финансиски истраги и конфискација на имот како највисоко експертско тело.
Со Националниот совет за финансиски истраги и конфискација на имот ќе раководи заменик претседателот на Владата за политики за добро владеење, Арбен Фетаи, а членови ќе бидат: министерот за внатрешни работи, министерот за правда, министерот за финансии, јавниот обвинител на РСМ, претседателот на Врховниот суд на РСМ, раководителот на Канцеларијата за поврат на имот, директорот на Бирото за јавна безбедност, директорот на Царината, директорот на Управата за финансиска полиција, директорот на Агенцијата за управување со одземен и конфискуван имот и претседателот на Националната комисија за финансиски истраги и конфискација на имот.