epa12374314 An air tractor aircraft drops water to extinguish a fire at a factory in Trubarevo, on the outskirts of Skopje, North Macedonia, 13 September 2025. A fire broke out on 13 September at a plastics and electronic waste recycling plant in the village of Trubarevo, producing thick black smoke visible from many parts of Skopje. EPA/GEORGI LICOVSKI
epa12374314 An air tractor aircraft drops water to extinguish a fire at a factory in Trubarevo, on the outskirts of Skopje, North Macedonia, 13 September 2025. A fire broke out on 13 September at a plastics and electronic waste recycling plant in the village of Trubarevo, producing thick black smoke visible from many parts of Skopje. EPA/GEORGI LICOVSKI

„Мета“: Државната лабораторија неакредитирана – квалитетот на воздухот во најзагадениот град во Европа го следи само еден вработен

Централната лабораторија на Министерството за животна средина сѐ уште не е акредитирана за ниту една метода за следење на квалитетот на воздухот, објави „Мета“. Иако Скопје секоја година е високо на листите на најзагадените градови во светот, мерењата се доверуваат на приватни лаборатории со кои Министерството склучува договори. Тоа го покажува и последниот пример со пожарот во Трубарево, кој повторно го истакна проблемот што се провлекува повеќе години. За земање примероци за квалитетот на воздухот во Скопје деновиве е ангажирана Еуромак контрол, со која министерството во април потпиша договор на една година.

Причината што Централната лабораторија не може да се акредитира за метода за воздух е што нема доволно вработени кои ги побарува стандардот, велат во Министерството. Иако поседува квалитетен инструмент за мерење на емисии од стационарни извори, со него работи само еден вработен, а потребни се тројца.

„Централната Лабораторија во однос на воздухот врши само мерења на емисии на гасови од стационарни извори, оџаци за кои сѐ уште не сме акредитирани. Пред две години беше одвоен и буџет и два пати беше објавен конкурс за вработување на три лица, но беше примено само едно, бидејќи немаше пријавени стручни лица“, велат од Министерството.

Лаборатријата може да работи за потребите на Државниот инспекторат за животна средина, но инспекторите подолго време не бараат услуги од тука. Мерења можат да нарачуваат и фирми на кои им се потребни одредени резултати, кои не се од акредитирана установа. Токму поради тоа Лабораторијата не нарачува нови инструменти.

„Во однос на мерење на емисии од стационарни извори имаме доста квалитетен инструмент Хориба со кој ги вршиме мерењата, но немаме набавено нови. Во моментов не ни требаат инструменти, туку човечки ресурси“, велат од Министерството.

Централната лабораторија е акредитирана за 20 методи за отпадни и површински води како и една метода за мерење на ниво на бучава во животна средина. Во март годинава установата доби нов четиригодишен сертификат за иститете методи и докажа дека системот за квалитет на сдандардот за акредитирана лабораторија се спроведува. Министерот Изет Меџити минатиот месец информира дека лабораторијата добила инструмент во вредност од 160.000 евра од УНОПС, за анализа на тешки метали во почва, вода и воздух, а инсталацијата на опремата и обуката на персоналот ќе се реализираат во текот на овој месец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот