фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Месина ги најави новите промени: Евролигата од следната сезона со 24 екипи?!

Претстојната сезона во кошаркарската Евролига ќе биде првата со 20 екипи, но се чини дека наскоро ќе имаме некои промени. На тоа навести легендарниот тренер на Милано, Еторе Месина.

– Ние, како клуб и неговите сопственици, би претпочитале веднаш да преминеме на формат од 24 екипи. Управниот одбор на Евролигата ни кажа дека 20 екипи се само привремено решение за една година, додека чекаме проширување на 24 екипи – откри Месина на прес-конференција.

Потоа додаде уште една реченица што нè доведе до заклучок дека би можеле да размислуваме за Евролига со 24 екипи почнувајќи од сезоната 2026/27.

– Веројатно разбирате дека за вклучените луѓе, сознанието дека форматот ќе трае само една година ја прави ситуацијата уште покомплицирана. Во основа, секоја година веќе имате резервирани пет места во плејофот, што остава само едно место за директен пристап до плејофот за преостанатите 15 тима. Реалноста на Евролигата е дека секој тим се подобрил и секој тим сака да се пласира во плејофот. На крајот на краиштата, тимовите што покажуваат поголема кохезија, и на теренот и надвор од него, ќе постигнат подобри резултати – објасни Месина.

Натпреварите од новата сезона 2025/26 официјално ќе стартуваат на 30 септември, а титулата ја брани Фенербахче од Турција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот