фото: твитер

Месина: Доколку не тргне добро, ќе кашламе да го исплашиме Жалгирис!

Неколку дена во Литванија имаше дилеми дали мечот воопшто ќе се одигра поради ширењето на коронавирусот, но се даде зелено светло…

Италијанскиот тренер малку се пошегуваше, иако на многумина моментно не им е до шега поради епидемијата на коронавирусот…

Армани Милано пред натпреварот Жалгирис во Каунас, а тренерот на италијанскиот претставник во кошаркарската Евролига се пошегува на официјалната прес-конференција пред мечот.

– Мислам дека луѓево во Италија, но и овде, малку пренагласено реагираат на оваа ситуација која е сериозна и воедно под контрола. Сосема е нормално да играме натпревари – рече Месина.

Веќе неколку дена во Литванија имаше дилеми дали мечот воопшто ќе се одигра поради ширењето на коронавирусот, но Евролигата во доворот со дел од литванските власти, сепак, даде зелено светло.

– Ќе биде тежок меч против добар тим. Доколку работите не тргнат на добро, ќе почнеме да кашламе. Можеби тоа ќе ги заплаши кошаркарите на Жалгирис и ќе застанат со играта – се пошегува Месина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот