Фото: EPA-EFE/ALEJANDRO GARCIA

Меси во Бразил по прв трофеј со „гаучосите“

Суперѕвездата Нејмар не е на располагање на Тите по повредата на контролна одиграна денови пред стартот на турнирот.

Неј Џуниор е растргнат и од секс-скандал, кој се одрази и во кампот на петкратниот светски шампион. Тренерот на Бразилците одлучи да го замени Нејмар со искусниот Вилијан.

Дефанзивната линија на „златните” е изградена од ветерани како Тиаго Силва, Жоао Миранда, Дани Алвеш и Филипе Луис. Филипе Кутињо ќе се обиде да го подобри впечатокот по слабата сезона за Барселона, а Габриел Жезус и Роберто Фирмино ќе се докажуваат во дресот на Бразил.

Вечниот фаворит Аргентина пак минува низ промена по фијаското на Мундијалот 2018. Новиот тренер Лионел Скалони има задача да ги избере вистинските фудбалери. Секогаш е интересно да се види кој игра за „албиселесте” во средината на теренот.

За првата ѕвезда на „гаучосите“, Лионел Меси ова е деветта шанса конечно да дојде до првиот трофеј со националниот тим.

До сега по четири пати настапуваше на Мундијалите и шампионатите на Јужна Америка. Трипати поразен во финалето на континенталното првенство (2007, 2015 и 2016) и еднаш во финална средба на СП во 2014 година.

Вкупно осум од 12 репрезентации во групите продолжуваат во четвртфиналето. Ако Бразил и Аргентина победат во своите групи, тие нема да можат да се сретнат пред финалето.

Почетокот на „Копа Америка“ е вечерва со првиот дуел во Рио де Жанеиро во кој се среќаваат домаќинот Бразил и Боливија со почеток од 21:30 часот по македонско време. Финалето е на 7 јули во Рио де Жанеиро.

Гости оваа година се тимовите на Јапонија и Катар.

Група А: Бразил, Боливија, Венецуела, Перу
Група Ц: Аргентина, Колумбија, Парагвај, Катар
Група Ц: Уругвај, Еквадор, Јапонија, Чиле.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот