Мерките против африканската чума ги враќаат свинските синдикални половинки?

Свинско месо/ Фото: ROBERT MICHAEL / AFP / Profimedia

Свинските половинки и пилешките копани преку Синдикатот, како и евтините летувања и зимувања се дел од флоклорот на бившата СФРЈ. Постарите сограѓани, велат дека снабдувањето преку синдикат, било одлична шанса поради фактот дека тој им нудел стока со најмалку 20 отсто пониски цени, бидејќи таа се нарачувала на големо и без маржа

Веста дека хрватската Влада донела одлука за склучување договор за отстапување на побарувањата на стечајните работници во Далмацијавино, со што се овозможува исплата на заостанатите плати на работниците во таа компанија, ги враќа сеќавањата на популарноста на оваа мерка, која рака на срце беше синдикална ексклузива. Со одлуката за мерка еднократна помош за набавка на свински половинки ќе се обезбеди еднократна исплата до 600 евра по работник, објави Пословни хр. Од хрватската Влада велат дека на овој начин ќе се обезбеди зачувување на традиционалниот начин на преработка на свинско месо и подготовка на традиционални полутрајни и трајни сушени месни производи, кои покрај зачувување на традициите на семејствата на помалите фарми, обезбедуваат дел од потребите на домаќинството за месо и месни производи.

-За спроведување на одлуката се обезбедени 900.000 евра. Донесена е и Државна програма за поддршка на производители на свињи со поголема тежина на колење. Тоа ќе овозможи распределба на помош за да се компензира загубата на приход за свињи со поголема конечна тежина испратени за колење од објекти во ограничените зони поради свинската чума во периодот од 1 октомври 2023 година до 31 декември 2023 година – реши Владата на Хрватска.

Свинските половинки и пилешките копани преку Синдикатот, како и евтините летувања и зимувања се дел од флоклорот на бившата СФРЈ. Оние кои паметат подолго, ќе ви кажат дека барем два пати годишно се редеа во дворовите на работните организации во кои работеа, каде трпеливо чекаа да бидат прочитани за да ги подигнат смрзнатите парчиња месо тешки и по над десеттина килограми.

– Нивната поволна цена и можноста за плаќање на рати со одбивање од платата ја сочинуваа самата срж, но и сета убавина на синдикалното здружување. Драган да те пишам за една половинка? На колку рати? – На дванаесет. – Пиши. Веќе се запишав и за една кутија пилешки копани, пита кашкавал, волнени ќебиња… од платата ќе ми остане за цигари – така изгледало некогашното синдикалната „борба“, се сеќава еден Скопјанец.

Постарите сограѓани кои се бореа со оскудицата и високата инфлација, велат дека снабдувањето преку синдикат, било одлична шанса поради фактот дека тој им нудел стока со најмалку 20 отсто пониски цени, бидејќи таа се нарачувала на големо и без маржа. Тоа обично биле свински половинки, некогаш и говедско месо, пилешки копани или зимница, кои биле неколкукратно поевтини отколку во продавниците.

Денес ваквата продажба е речиси невозможна, бидејќи семејствата се намалија, а со тоа се намали и потребата од големи залихи. Најголемиот дел од домаќинствата речиси и не поседуваат замрзнувач за да ја складираат оваа храна, а се помалку и се готви.

Според Државниот завод за статистика едно македонско семејство лани трошело по едвај 23,4 килограми свинско месо со коски и кртина, додека потрошувачката на јунешко месо со и без коски изнесувала околу 15 килограми. Просечното македонско семејство лани потрошиле 29 килограми пилешко месо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот