
Мерц би можел да ја номинира фон дер Лајен за претседател на Германија во 2027 година
Германскиот канцелар Фридрих Мерц ја разгледува опцијата за номинирање на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, за позицијата претседател на Германија во 2027 година, објави денес Шпигел, повикувајќи се на неименувани владини извори.
Препорачано
Мерц неодамна изјави дека смета дека би било добро наскоро жена да биде на позицијата претседател, но дека списокот на кандидати е „многу краток“.
Во 2024 година, фон дер Лајен беше избрана за претседател на Европската комисија по втор пат, а нејзиниот петгодишен мандат треба да заврши во 2029 година.

Германскиот весник наведува дека фон дер Лајен веќе се докажала како политичар, истакнувајќи дека била првата жена министер за одбрана на Германија и првата жена претседател на Европската комисија, и дека „круната“ на нејзината кариера би била да стане првата жена претседател на Германија.
Шпигел додава дека со номинирањето на фон дер Лајен, Мерц би го спречил и „најлошото сценарио“ за него, односно номинирањето на поранешната канцеларка Ангела Меркел за функцијата претседател.