
МЕПСО е до гуша во долгови, директорот вели дека имаат проблем да вратат 17 милиони евра
Директорот на МЕПСО, Куштрим Рамадани, во вечерашното гостување во емисијата „Економски Магазин“ ги поздрави најавите за прогласување кризна енергетска состојба, додавајќи дека главниот проблем на компанијата што ја води е тоа што таа има проблеми да ги подмири долговите кон европската електромрежа, кои достигнале дури 17 милиони евра.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
„Го поздравувам донесувањето на регулативата за прогласување вонредна енергетска состојба и тоа не е со цел да се знае што ќе се случи, туку се олеснуваат некои административни бариери при трансферот на средства на компаниите. Секој милион евра е добредојден. Нашиот главен проблем е да ги исплатиме долговите кон европската мрежа, кои се околу 85 гигават часови, што изнесува 17 милиони евра“, вели Рамадани.
Како што посочи тој, во моментов на државниот оператор за пренос на струја му се потребни 30 милиони евра, за што веќе ги известиле институциите.
„Нам како МЕПСО во моментов ни се потребни околу 30 милиони евра за што писмено се имаме обратено до Владата, Министерството за економија, Регулаторната комисија за енергетика и Министерството за транспорт и врски“, рече Рамадани.