Ламин Јамал/фото: EPA-EFE/Daniel Gonzalez

Мендеш со порака до Реал: „Тргнете го Јамал од вашите глави“

Реал Мадрид почесто го прашува агентот на фудбалерот на Барселона, Ламин Јамал, Жорге Мендеш за неговата ситуација во каталонскиот клуб, тврди Мундо Депортиво.

Актуелниот договор на 17-годишниот суперталент со Барса е до летото 2026 година, а клаузулата во него е една милијарда евра.

Реал Мадрид неколку пати го прашаа Мендеш за крилниот напаѓач, но одговорот секогаш беше ист:

Тргнете го од вашите глави“, им порача Мендеш на Флорентино Перез и неговите соработници.

Јамал е во напредни преговори со Барселона за нов договор, а се очекува да го потпише кога ќе наполни 18 години на лето. Младиот играч се очекува им се посвети на Каталонците уште пет години.

Реал не е единствениот клуб заинтересиран за Јамал, претходно интерес покажа и ПСЖ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот