Фото: Промо

„Меморија“ го промовира својот троен албум во живо од ланскиот концерт во арената „Борис Трајковски“

По еден од најдобрите концертни спектакли во македонската рок историја, кој лани легендарната македонска група „Меморија“ одржа во арената „Борис Трајковски“ во Скопје, бендот реши целиот материјал да го издаде на носач на звук во вид на жив албум. И тоа во двоен формат – на ЛП плоча и на ЦД.

Кога е ЛП плочата во прашање, се работи за вистински уникат, каков што во Македонија никогаш досега не е издаден, а е вистински раритет дури и во историјата на екс-ЈУ музиката во регионот.

Фото: Промо

Имено, „Меморија“ издадоа троен албум насловен: „Меморија 2024 Live“, сместен на три ЛП плочи. На него е ставени 21 песна изведени од бендот, зашто ЛП форматот толку максимално собира, додека двојното ЦД содржи 25 песни од целиот концерт и во него се вклучени и изведбите на специјалните гости на концертот.

Музички продуценти на албумот се Мите Димовски и Давор Јордановски, а то мајстор е Евгениј Каревски. Извршната продукција ја потпишуваат Бошко Мангаровски и Христина Георгиевска, која е автор и на графичкото решение.

Фото: Промо

Албумот е произведен во DADAC – SONY во Австрија и е издание на КЛС – продукција. Печатен е во лимитиран број на примероци, од кој речиси веднаш целиот тираж е распродаден.

Промоцијата на албумот „Меморија 2024 Live“ во арена Борис Трајковски е закажана за денеска, 21 мај 2025 година со почеток во 13.30 часот, во амфитеатарот на Универзитетот „Скопје“.

(Комерцијална објава)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот