Џорџа Мелони / Фото: EPA-EFE/FILIPPO ATTILI / CHIGI PALACE PRESS OFFICE / HANDOUT

Мелони вели дека мигрантите го зголемуваат насилството врз жените во Италија

Италијанската премиерка Џорџа Мелони изјави дека илегалната миграција влијае на зголемувањето на насилството врз жените, заедно со други причини и дека Италија ќе продолжи со активностите за запирање на миграцијата.

Мелони им рече на новинарите на маргините на самитот на Групата 20 (Г20) во Рио де Жанеиро дека „податоците покажуваат дека илегалната имиграција придонела за зголемување на родовото базираното насилство и дека Италија ќе продолжи да се бори против другите причини кои довеле до тоа“, објави Ројтерс.

„Парадоксот е што насилството врз жените се зголемува додека жените освојуваат сѐ повеќе простор“, рече Мелони.

Италијанскиот министер за образование Џузепе Валдитара во понеделникот изјави дека зголемувањето на бројот на случаи на силување и сексуално насилство е поврзано со илегалната имиграција.

Валдитара во видео пораката што беше емитувана во Долниот дом на италијанскиот парламент за време на презентацијата на фондацијата што го носи името на девојката Џулија Чекетин, која пред една година беше убиена од нејзиното поранешно момче, истакна дека италијанскиот Устав не дозволува дискриминација врз основа на пол и дека тоа мора секому да му биде јасно на мигрантот кој сака да живее во Италија.

„Не смееме да се преправаме дека не гледаме дека зголемувањето на сексуалното насилство е поврзано и со маргинализација и девијации кои на некој начин се предизвикани од илегалната имиграција“, рече Валдитара, според АНСА.

Левицата го обвини Валдитара дека шири, како што наведе, „срамни лажни вести“ за да го искористи убиството на девојчето за „свои идеолошки цели“, односно депортација на мигранти.

Дваесет и двегодишната Чекетин беше убиена пред една година од нејзиното поранешно момче, по што беше основана фондација со нејзиното име, која се занимава со борба против фемицидот и родовото насилство. Нејзиниот поранешен, кој ја избодел Чекетин 75 пати, признал дека го извршил убиството на 11 ноември 2023 година во близина на Венеција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот