Instagram
Instagram

Меланија Трамп во црвена кожна комбинација со која ги засени сите присутни

За време на нејзиниот „мандат“ како прва дама на Америка, Меланија честопати го воодушевуваше светот со своите модни избори.

Овојпат таа одбрала црвен кожен капут од модната куќа „Alexander McQueen“ и црн минималистички фустан за митингот во Џорџија на кој присуствуваше со нејзиниот сопруг Доналд Трамп.

Поранешниот модел смело го носеше црвениот кожен капут, кој беше претставен на париската модна писта есента минатата година.

Instagram
Instagram

Првата дама во заминување, ги засени сите присутни со нејзиниот изглед но многумина и ја критикуваа за прескапиот избор. Таа беше облечена во стилски капут вреден 6,200 американски долари од британскиот бренд „Alexander McQueen“.

Таа во комбинацијата вметнала и високи потпетици во „зебра принт“ и детали од црвена кожа. Високите потпетици се од шпанскиот дизајнер Маноло Бланик.

Меланија отсекогаш се однесувала како припадничка на високата класа, нејзинита најчести избори се креации од модни брендови како „Gucci“ или „Dolce & Gabbana“.

Instagram
Instagram

Претседателот и првата дама присуствувале на настан во Џорџија како поддршка за републиканските сенатори, пред вториот круг избори за Сенат на 5 јануари. Меланија се качи на подиумот прва, откако двајцата излегоа на сцената повикувајќи ги приврзаниците да им помогнат на републиканците да го задржат мнозинството во Сенатот.

Instagram
Instagram

Воедно, Меланија се обрати на и на насобраната толпа, што е вистинска реткост затоа што Меланија беше забележливо отсутна во повеќето политички настани пред изборите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот