Фото: Инстаграм

ФОТО | Мел Гибсон пристигна во Хиландар: „Никогаш не сум почувствувал толку силна врска со Бог како тука“

Познатиот холивудски актер, режисер и продуцент Мел Гибсон вчера пристигна на Света Гора, каде што ќе престојува во манастирот Хиландар во следните неколку дена. По пристигнувањето, Гибсон се сретнал со игуменот на манастирот, архимандритот Методиј.


Иако деталите за неговата посета сè уште не се официјално објавени, доаѓањето на познатиот уметник на ова свето место предизвика голем интерес во јавноста.

Гибсон, познат по своите длабоки христијански верувања, кои се особено изразени во филмови како „Страдањата Христови“, со ова пристигнување дополнително ја потврди својата поврзаност кон христијанството.

„Никогаш не сум почувствувал толку силна врска со Бог, никаде како тука“, нагласи легендарниот холивудски актер.

За време на престојот на Света Гора, Мел Гибсон ќе помине време во молитва и тишина заедно со монасите од манастирот Хиландар.

За многу верници, неговото доаѓање е уште една потврда за универзалната привлечност на православната духовност – сила што ги надминува границите и ги зближува луѓето од целиот свет во тишината и духовниот мир на оваа света земја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот