Меѓународниот суд на правдата ќе одлучува за барањето за запирање на израелската офанзива во Рафа

Судиите во највисокиот суд на ОН денеска ќе донесат одлука за барањето на Јужна Африка да му се нареди на Израел да ја запре офанзивата во Рафа и да се повлече од Газа, дел од поширокиот случај во кој Израел е обвиет за геноцид.

Јужноафриканските застапници побараа од судот минатата недела итна мерка, нагласувајќи дека израелските напади врз јужниот град Газа „мора да престанат“ за да се обезбеди опстанок на палестинскиот народ.

Пресудите на Меѓународниот суд на правдата, познат и како Светски суд, се конечни и обврзувачки, но во минатото биле игнорирани. Судот нема извршни овластувања.

Израел постојано ги отфрла обвинувањата за геноцид како неосновани. Пред судот тврдат дека операциите во Газа биле самоодбрана и дека се насочени кон милитантите на Хамас кои го нападнаа Израел на 7 октомври лани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот