
Меган Маркл за виралното видео каде танцува во породилната сала: „Мора да бидете автентични“
Меган Маркл неодамна објави видео од себе и принцот Хари како танцуваат во породилната сала на Инстаграм за да го прослави роденденот на нивната ќерка Лилибет. Наводно со тоа сакала да предизвика породување бидејќи двете нејзини деца ги надносила по терминот за породување.
Препорачано
„Двете наши деца се родија една недела по терминот. Кога зачинетата храна, одењето и акупунктурата не помогнаа, остана само едно нешто“, додаде таа.
Видеото брзо стана вирално и привлече многу коментари. Додека на некои луѓе им се допадна видеото, други напишаа дека би сакале никогаш да не го виделе. Меган го коментираше видеото во поткастот „Аспајр“.
View this post on Instagram
„Мора да бидеш автентична“, ѝ вели таа на водителката Ема Грид, пред да праша: „Дали го виде мојот танц „Бебе Мама“(Baby Momma)?“
Водителката рече дека го видела видеото. „Сакам да ја видам таа среќа и таа искреност и тоа ‘не ми е гајле’“, додаде водителката на поткастот. Потоа Меган откри што сакала да покаже со видеото.
View this post on Instagram
„Патем, тоа не беше вчера“, појаснува Маркл, потсетувајќи ги фановите и критичарите дека го снимила видеото додека била бремена со принцезата Лилибет во 2021 година.
„Тоа беше пред четири години. Значи, ова е исто така одличен потсетник дека, со целата бучава или што и да прават луѓето, сè уште постои цел еден живот што се случува. Вистински, автентичен, забавен живот што се случува зад сцената“, додаде таа.
„Благодарна сум што сега кога се вратив на социјалните мрежи, имам место каде што можам да го споделам тоа под мои услови“, заклучува таа.
ВИДЕО | Меган Маркл сподели видео од породилната сала: Tанцува и му тверка на Хари