Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

Меган Маркл откри дека како мала не живеела во луксуз: „Животот не ми беше лесен, работам од 13 години“
Меган Маркл, одговарајќи на критиките, истакна дека како мала не живеела во луксуз. Војвотката од Сасекс во интервјуто за „Њујорк Тајмс“, направено во нејзиниот дом во Монтесито, објавено на почетокот на април, се осврна на тврдењата дека обичните луѓе не можат да се поврзат со неа.
Препорачано
Покажувајќи кон нејзината куќа, таа праша:
„Зарем не знаат дека мојот живот не бил отсекогаш ваков?“.
Критиките за Меган, која го има синот Арчи и ќерката Лилибет со нејзиниот сопруг, принцот Хари, се зачестија по премиерата на нејзината нова серија „Со љубов, Меган“ на Нетфликс.
Во серијата таа споделува совети за готвење, ракотворби и организира собири, сепак многумина ја критикуваа за нејзината наводна прекумерна ексклузивност и луксуз.
Кога новинарката на „Њујорк Тајмс“, Џулија Москин ги спомна критиките од гледачите кои се жалеле на садовите за готвење „Ле Крусе“ (Le Creuset) кои ги користи Меган во шоуто, таа реагираше изненадено, па кратко одговори:
„Ова е тема во 2025 година?“
Потоа се сврте кон нејзината мајка Дорија Рагланд, која искоментира:
„Денес сите се лути на нешто“.
Меган објасни дека работела од својата тринаесетта година, до средбата со Хари во 2016 година, кога ја завршила актерската кариера и го затворила популарниот блог за животниот стил „Тиг“ (The Tig).
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
24мин
-
1час
-
2час
-
3час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5