Меган Маркл / Фото: Profimedia

Меган Маркл лично им се извини на клиентите за пропустот на нејзината веб-страница: „Многу ми е жал, но ви ветувам дека …“

Војвотката од Сасекс, Меган Маркл, се најде во непријатна ситуација откако на почетокот на април 2025 година го лансираше својот нов бренд за животен стил „Како и секогаш“ (As Ever). Нејзиниот деби производ, ограничено издание на цветен мед со саќе вреден околу 28 долари, се распродаде за помалку од еден час по неговото објавување, но техничките проблеми доведоа до незадоволство кај клиентите.

Поради огромниот интерес за веб-страницата се случила техничка грешка, на клиентите им било дозволено да нарачаат производ кој веќе е распродаден. Многу фанови кои успешно направиле нарачка и добиле потврда, подоцна добиле известување дека сепак нивната нарачка нема да биде испорачана бидејќи медот е веќе распродаден.

„Возбудата создаде толку многу метеж на страницата што дури и ние не можевме да го предвидиме (со оглед на тоа дека сè е распродадено за еден час). Нарачките се одвиваа толку брзо што системот на страницата не можеше тоа да го следи, па ограниченото издание на медот што го купивте, за жал, веќе бил распродаден.’

Лично извинување на војвотката

Меган Маркл реши лично да се справи со ситуацијата и испрати рачно напишана порака до сите засегнати клиенти. Во пораката таа напишала:

„Драг пријателе, Боже мој, каква недела беше ова! Ви благодариме за поддршката. Тоа навистина многу ми значи. Многу ми е жал што слушнав што се случи со вашата нарачка и што поради препродажба не можеме да ви го испорачаме медот во ограничено издание. Ве молиме знајте дека тимот работеше напорно во секој оддел и се чувствуваше подеднакво тажно кога дознавме што се случило“.

За да го ублажи разочарувањето, Меган понудила дарежливо решение:

„Знам дека ова не е исто како и ограниченото издание на производот што го сакавте, па затоа сакам да ви дадам ветување – кога ќе излезе нашиот следен производ во ограничено издание, вие нема да бидете првите што ќе дознаете … вие ќе бидете првите што ќе го добиете. Нема потреба да нарачувате – ќе ви стигне по пошта како подарок од мене.’

Реакциите на навивачите

И покрај првичното разочарување, многу обожаватели го пофалија пристапот на Меган кон проблемот и нејзината лична интервенција. Некои излегоа на социјалните мрежи за да ја изразат својата пофалба за „извонредната услуга на клиентите“ и нивното задоволство од успешното лансирање на брендот.

Предизвици за нов бренд

Ова не е единствениот предизвик со кој се соочи новиот бренд на Меган. Првично лансиран под името „Овоштарник од Американската ривиера“ (American Riviera Orchard), брендот мораше да го промени своето име поради потенцијални проблеми со трговската марка. Исто така, шпански политичар изрази загриженост дека логото на брендот наликува на еден од историските грбови на земјата. И покрај овие неуспеси, Меган продолжува да го развива брендот „Како и секогаш“, ветувајќи: „Наскоро има уште многу добри работи. Како и секогаш, Меган“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот