Меган Маркл и принцот Хари / Фото: DPPA / ddp USA / Profimedia

ВИДЕО | Меган и Хари го прославија роденденот на Лилибет во Дизниленд: „Благодариме што ни подаривте два дена чиста радост“

Меган Маркл и принцот Хари биле со своите деца на патување во Дизниленд, каде што го прославиле четвртиот роденден на нивната ќерка Лилибет.

Војвотката од Сасекс сподели моменти од дводневниот одмор, а според снимките – семејството максимално уживало. Испробале разни адреналински возења и се сретнале со ликови од светот на Дизни.

На една снимка се гледа како Лилибет и нејзиниот шестгодишен брат Арчи ја запознаваат принцезата Елза од анимираниот филм „Замрзнато кралство“ (Frozen). Меган ги држи за рака додека тие срамежливо ѝ приоѓаат за фотографија со омилениот лик.

Децата се забавувале на класични возења како „Дамбо“ (Dumbo) и на атракции инспирирани од филмот „Автомобили“ (Cars), додека Меган и Хари биле забележани како се смеат и уживаат на возењето „Вселенска планина“ (Space Mountain). Во еден момент, целото семејство носело исти капи со ликовите на Мики и Мини Маус.

За својот роденден, Лилибет добила специјално украсена торта со мотиви од „Малата сирена“ (Little Mermaid), со сина глазура и розова порака: „Среќен роденден, Лили“.

Објавата содржела и семејна фотографија покрај река, а Меган во описот се заблагодарила на Дизниленд: „Благодариме што ни подаривте два дена полни со чиста радост!“.

ВИДЕО | Меган Маркл сподели видео од породилната сала: Tанцува и му тверка на Хари

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот