Фото: Принтскрин/Инстаграм/Dave Allocca/StarPix/ INSTAR Images / Profimedia

Мег Рајан доаѓа во Сараево: Холивудската актерка ќе го добие „Почесното срце на Сараево“ на Филмскиот фестивал

Во знак на признание за нејзиниот исклучителен придонес во филмската уметност, холивудската актерка Мег Рајан ќе ја добие наградата „Почесно срце на Сараево“ на 30-тиот Сараевски филмски фестивал.

Холивудската ѕвезда позната по својата сестраност и природен шарм во секоја улога што ја игра, Мег Рајан ќе претстави и специјална проекција на својата романтична комедија хит од 1998 година „Имате порака“ (You’ve Got Mail) во летното кино „Кока-Кола“. Познатата актерка ќе ја поздрави публиката на истото место каде што овој филм беше прикажан пред 25 години, на петтиот Сараевски филмски фестивал, во 1999 година.

Рајан исто така ќе одржи и мастерклас под модерација на наградуваниот босанско-херцеговачки режисер Данис Тановиќ, добитник на Оскар за филмот „Ничија земја“. Мастеркласот ќе биде посебна можност да се добие увид во клучните аспекти на кариерата на Мег Рајан и нејзиниот нов филм „Што се случува подоцна“, кој исто така ќе биде прикажан на Фестивалот. Романтичната комедија на Бликер стрит медиа „Што се случува подоцна“ (What Happens Later), која Рајан го режираше, го напиша сценариото и во која глуми со Дејвид Духовни, е нејзино второ режисерско дело, по независниот филм „Итака“ (Ithaca) од 2015 година.

– Мег Рајан ги освои нашите срца на прв поглед! Не само што нè шармираше сите со своите незаборавни изведби, туку и зад камерите ја докажа својата моќ како режисерка и сценаристка. Чест ни е да ѝ го доделиме „Срцето на Сараево“ – рекол Јован Марјановиќ, директор на Сараевскиот филмски фестивал.

ФОТО | „Почесното срце на Сараево“ за Мадс Микелсен: Првпат сум овде, но јадев ќебапи

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот