Фото: Изет Меџити / Фејсбук / скриншот

ВИДЕО: Меџити почна да се фали и со недоградени џамии

„Најголемата џамија во Македонија, споменик на модерна и духовна архитектура, се гради во Топанско Поле, која ќе стане центар на верата за илјадници верници“, објави денеска на социјалните мрежи првиот вицепремиер, министерот за животна средина и просторно планирање и кандидатот за градоначалник на скопската општина Чаир, Изет Меџити.

Тој на „Фејсбук“ објави измонтирано пропагандно видео од посетата на градилиштето на џамијата, која треба да се отвори во февруари идната година, пред почетокот на светиот муслимански месец Рамазан.

„Џамијата ќе има капацитет за над 3.000 верници, со простор од 1.500 м2 внатре и 1.500 м2 надвор. Покрај тоа, објектот ќе вклучува и амфитеатар, 24 функционални канцеларии и подземен паркинг, нудејќи модерни и функционални услови за верниците и посетителите“, напиша Меџити во објавата на „Фејсбук“, без да појасни во која од повеќето функции ја посетил џамијата и зошто ја претставува нејзината изградба како своја заслуга.

Меџити, кој држи две високи државни функции, а се кандидира за локална во Чаир, уште од август, еден и пол месец пред официјалниот почеток на кампањата за претстојните избори, одеше на промотивни предизборни настани и активности во Чаир, во работното време како вицепремиер и министер.

Изет Меџити – прв вицепремиер, министер за животна средина и кандидат за градоначалник на Чаир во едно

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот