Изет Меџити / Фото: Фејсбук

Меџити: Отвораме амбасада во Саудиска Арабија, тоа ќе ја зајакне меѓународната позиција на земјата

Вицепремиерот Изет Меџити најави дека ќе се отвора македонска амбасада во главниот град на Саудиска Арабија, Ријад, напиша тој на социјалните мрежи. Меџити во објавата вели дека овој чекор е „важен и ќе ја зајакне меѓународната позиција на земјата и ќе ги продлабочи врските со еден од најважните актери во арапскиот свет“.

„Република Северна Македонија наскоро ќе ја отвори својата амбасада во Ријад, главниот град на Кралството Саудиска Арабија. Овој важен стратешки чекор ја зајакнува меѓународната позиција на земјата и ги продлабочува врските со еден од најважните актери во арапскиот свет, како членка на Г20 и најголемата економија во регионот. За нашите граѓани од исламска вероисповед, ова е настан од особено значење“, пишува Меџити.

„Саудиска Арабија е земја на двата најсвети града, Мека и Медина, каде што секоја година илјадници верници од нашата земја го извршуваат хаџот и умрата, како дел од нивната духовна посветеност. Нашето дипломатско присуство таму не е само политичко прашање, туку чин на грижа и блискост со нашиот народ, што ќе ја олесни нивната организација, безбедност и поддршка за време на овие поклоненија“, вели македонскиот вицепремиер во објавата напишана само на албански јазик.

Меџити најави дека амбасадата ќе служи и како „мост на соработка во важни области како што се економијата, туризмот, културата и регионалната безбедност, во согласност со нашата активна надворешна политика и визијата за поповрзана Северна Македонија со светот“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот