Фото: Фејсбук / Изет Меџити

Меџити ја објаснува владината одлука за разрешување на државниот обвинител Коцевски

Вицепремиерот Изет Меџити вели дека одлуката на Владата за започнување на постапка за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски е резултат на неговите „континуирани правни прекршувања“.

Во гостување на „Алсат“, Меџити наведе три клучни елементи што ја навеле Владата на овој потег.

„Прво, оваа постапка е во согласност со духот на меѓународниот фактор и стратешките партнери, со цел да се интервенира таму каде што има прекршувања. Второ, довербата на граѓаните во судскиот систем е на најниско ниво од 90-тите години и речиси повеќе не постои. Трето, јавниот обвинител Коцевски продолжи со континуирани правни прекршувања, создавајќи ситуација што ја направи неизбежна одлуката за негово разрешување“, рече Меџити.

Во однос на наследникот на Коцевски на функцијата, Меџити нагласи дека тој треба да биде професионалец кој ќе придонесе за враќање на довербата на граѓаните во владеењето на правото.

Владата ќе го разрешува државниот јавен обвинител Коцевски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот