Изет Меџити Фото: Принтскрин

Меџити: Илинден е заедничко наследство на сите граѓани

Вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити упати честитка по повод денешниот празник Илинден.

– Овој историски ден е симбол на борбата за слобода, праведност и соживот, вредности кои претставуваат темел на нашето демократско и мултиетничко општество. Илинден е заедничко наследство на сите граѓани кои веруваат во еднаквост, достоинство и заеднички напредок. Како држава, имаме обврска таа порака да ја преточиме во конкретни политики – преку заемна почит, праведна застапеност и реална рамноправност на сите заедници, вели Меџити во честитката.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот