unsplash

Медитеранска диета: Најпопуларна во фитнес заедниците, дознајте зошто!

Медитеранска диета претставува режим кој е базиран на внес на локална, свежа и сезонска храна, лесен протеин и здрави масти. Доколку вежбате и немате многу време да подготвите оброк, оваа диета ќе се поклопи со вашиот живот бидејќи оброците се вкусни, релативно брзи и балансирани во хранливи вредности.

Основа на медитеранската диета

Основните состојки на диетата се: овошје, зеленчук и мешунки. Сите видови суви и свежи мешунки (грав, леќа, наут) кои се дел од диетата како извор на растителен протеин, зелен лиснат зеленчук, цитрусно овошје, маслиново масло и една чаша црвено вино дневно се главните столбови на традиционалната медитеранска софра.

unsplash

Правила за медитеранска диета

Користете маслиново масло како главен извор на здрави масти и заменете ги сите други масти и масла за пржење и салати.

Јадете многу свежо овошје како десерт во текот на денот. Ограничете го конзумирањето на благо што содржи големи количини шеќер и заситени масти и наместо тоа насочете се кон овошје.

Внесувајте леб од цело зрно и интегрални житарици.

Вклучете во режимот и сирови јаткасти плодови во разумна количина и семиња.

Јадете мали количини сирење и јогурт.

Јадете мали до умерени количини на риба и живина во тек на неделата и ограничете го внесувањето на јајца на максимум 4 неделно.

Одвреме-навреме јадете црвено месо, можеби еднаш неделно.

unsplash

Која е тајната на медитеранската диета?

Главната карактеристика на медитеранската диета е едноставноста. Друга карактеристика е свежината и квалитетот на употребената храна. Обидувајте се секогаш да користите сезонска храна што расте во климата каде живеете. Производите што се транспортираат од едниот до другиот крај на светот во фрижидери, секогаш губат хранливи материи и вкус.

Сè на сè, медитеранската диета може да ви помогне да останете здрави, витки и убави на долг рок, бидејќи станува збор за балансиран внес на сите групи на храна, пренесува „Healthline“. 

Пред да се одлучите за било каква диета, задолжително консултирајте се со вашиот лекар!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот