Мбапе сака да биде „крал“, напаѓачот ја одбил понудата од 700 милиони евра

Килијан Мбапе/фото: EPA-EFE/Abedin Taherkenareh

Сè поголеми се најавите дека следното лето Килијан Мбапе ќе го напушти ПСЖ и дека ќе се пресели во редовите на Реал Мадрид.

Францускиот фудбалер имаше повеќе понуди, но покажа дека парите не се главниот фактор. Реал не беше единствениот клуб што го посакуваше во своите редови. Имаше и други тимови кои беа во игра, но едноставно за многумина е невозможно да доведат ваков играч.

Мбапе се поврзуваше и со Барселона и Ливерпул, но во моментов се чини дека опција е само Реал Мадрид. Се обиде и Манчестер Јунајтед, но залудно.

„ОК Диарио“ пренесува дека Сер Ретклиф го видел потенцијалот во Мбапе, но моментно еден од најдобрите светски напаѓачи ја одбил големата понуда на „црвените ѓаволи“.

Милијардерот на 25-годишниот напаѓач би му понудил петгодишен договор со плата од 100 милиони евра, а по потпишувањето би добил 200 милиони евра, што значи 700 милиони евра за пет години.

Секако, јасно е дека Мбапе бараше да добие што повеќе од Реал Мадрид, но се добива впечаток дека и спортските амбиции беа пресудни при изборот на нов клуб. Мбапе како да сфати дека нема да ја освои Лигата на шампионите или Златната топка со ПСЖ, па го избра Реал, клуб кој е создаден за такво нешто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот