Маж од Колорадо починал откако бил каснат од отровниот брадавичар кој го чувал како миленик

Отровен брадавичар / Фото: Pete Oxford / Minden Pictures / Profimedia

Човек од Колорадо починал во болница откако бил каснат од отровниот брадавичар кој го чувал како миленик. Кристофер Вард (34) бил итно пренесен во болница набргу откако бил каснат од еден од неговите два отровни гуштери на 12 февруари. Набрзо завршил на апарати за одржување, а починал во петокот, пренесува Би-Би-Си.

Претставниците на судскиот совет од округот Џеферсон вчера одбија да коментираат за причината за неговата смрт или дали Вард починал од отров или од друга здравствена состојба. Девојката на Вард ги предала гуштерите, по име Винстон и Потато, на властите ден по каснувањето, пренесува Еј-Би-Си.

Таа на полицијата ѝ кажала дека Вард веднаш почнал да покажува симптоми – повраќал неколку пати, а потоа на крајот се онесвестил и престанал да дише. 34-годишникот го купил Винстон, кој го каснал, во октомври на шоу за рептили во Денвер, а Потато од одгледувач во Аризона во ноември.

Отровните брадавичари се отровни влекачи кои живеат во југозападниот дел на САД и на територијата на Мексико. Тие се хранат со птици, нивните јајца и помали цицачи. Острите заби во долната вилица имаат бразди низ кои тече отровот од токсичните сублингвални жлезди. По нивниот напад, луѓето може да почувствуваат силна болка и да се онесвестат, но тие обично не се фатални.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот