Масовно угинување на ирваси во северна Камчатка

На Камчатка има девет компании за одгледување ирваси, а на крајот на 2020 година имаше вкупно повеќе од 43.000 животни. 

Во северниот дел на полуостровот Камчатка на рускиот Далечен исток, забележано е масовно угинување на ирваси, а причината можеби е тоа што животните ги напуштиле своите стада и залутале, поради што не можеле да се прехранат, соопшти регионалната влада.

Претходно, на социјалните мрежи беше објавена снимка од мртви животни, а авторот на видеото изјави дека има околу триста угинати животни.

Тим експерти во понеделник ќе биде испратен со хеликоптер во тундрата во регионот Тигил, и тие треба да ги откријат причините за инцидентот, а проверка почна и регионалното обвинителство.

На Камчатка има девет компании за одгледување ирваси, а на крајот на 2020 година имаше вкупно повеќе од 43.000 животни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот